28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC го откри Desire 300

HTC го откри Desire 300

htc-desire-300

„HTC“ денеска откри два нови „Desire“ модели на смартфони, па така по моделот 601 беше претставен и паметниот телефон „HTC Desire 300“.

Овој модел го одликува 4.3 инчен „WVGA“ екран, а уредот работи на оперативниот систем „Android 4.2.2 Jelly Bean“, како и корисничкиот интерфејс на „HTC“ – „Sense“. Што се однесува до хардверот тука се 1 Ghz „dual-core Snapragon S4“ чипсет, 512 MB RAM меморија, 4 GB интерна меморија од која е слободно само 1.2 GB, но тука е слотот за „microSD“ картичките.

Новиот телефон има камера од 5 мегапиксели, потоа „Bluetooth 4.0“ конекција, како и батерија од 1650mAh.

„HTC Desire 300“ неможе да го користи „HTC Zoe“, но пристигнува со „Blinkfeed“, кој го ротира екранот на вашиот смартфон во динамичката листа за ажурирањата со друштвените мрежи. И овој модел се очекува во продажба да се најде веќе следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП