3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШангај од утре е во нова фаза на контрола на епидемијата на...

Шангај од утре е во нова фаза на контрола на епидемијата на Ковид-19

Шангај утре ќе премине во нова фаза на контрола на епидемијата на Ковид-19, која вклучува постепено нормализирање на животот, а властите ќе дозволат трговските центри и продавниците повторно да се отворат и луѓето во областите со „низок ризик“ да се вратат на работа, најавија градските официјални лица.

И железничкиот сообраќај ќе продолжи нормално, а ќе се зголеми и бројот на домашни летови до градот, објави денеска заменик-градоначалникот Зонг Минг на онлајн прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Како што беше речено, бројот на лица на јавни места сепак ќе треба да се ограничи на 75% од капацитетот, а за влез сите ќе треба да достават негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП