21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Роснефт“ ќе исплати рекордна дивиденда за 2021-ва

„Роснефт“ ќе исплати рекордна дивиденда за 2021-ва

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ им вети рекордни дивиденди на своите акционери поради зголемените цени, но некои странски инвеститори може да имаат потешкотии да примат исплати, пишува „Bloomberg“.

Одборот на директори на компанијата препорача дивиденда од 23,63 рубљи (0,38 долари) по акција за втората половина од 2021-ва година, со што годишната дивиденда достигна историски максимум од 41,66 рубли (0,67 долари). Веста следи по минатогодишното соопштение на рускиот гасен гигант „Газпром“, кој понуди највисока исплата во историјата, искористувајќи ја европската криза со снабдувањето на гас.

Најголем бенефит од одлуките на двете компании ќе има руската држава која е нивни најголем акционер. Многу странски инвеститори може да имаат потешкотии да примаат исплати по ограничувањата наметнати од претседателот Владимир Путин.

Руските компании мора да ги префрлат парите што им се должат на инвеститорите или доверителите од „непријателските земји“ на посебни банкарски сметки во рубљи, се вели во декретот од март. Преносот на средства од овие сметки или нивна размена во друга валута е возможен само со посебна дозвола, велат од Руската централна банка.

Големата дивиденда на „Роснефт“ следи по рекордниот профит за 2021-ва година, бидејќи глобалната побарувачка на нафта се опоравува од пандемијата, зголемувајќи ги цените. Политиката на компанијата одредува плаќања од 50% од нето добивката според меѓународните стандарди за финансиско известување.

Акциите на „Роснефт“ паднаа за 2% до 393,50 рубљи напладне во Москва, бришејќи го претходниот раст бидејќи и поширокиот руски пазар опадна. Акционерите ќе гласаат за препораката за дивиденда на нивното годишно собрание на 30-ти јуни.

Втор по големина акционер во производителот на нафта е „БР“ со учество од 19,75%. Британската енергетска групација кон крајот на февруари објави дека ќе го продаде својот удел во „Роснефт“ како одговор на руската инвазија на Украина. Следниот најголем акционер е „QH Oil Investments“, кој е управуван од Државниот инвестициски фонд на Катар и има удел од 18,46%. Катар, за разлика од Британија, не е на списокот на „непријателски земји“ што руската влада го објави во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП