8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските производствени цени пораснаа во јули

Европските производствени цени пораснаа во јули

cenirastat1

Производствените цени на индустриските производи во еврозоната и Европската унија се зголемија во јули на месечно ниво, покажаа денешните проценки на Европскиот завод за статистика – Еуростат.

Во еврозоната производствените цени на индустриските производи пораснале во јули за 0,3 проценти во однос на претходниот месец. Во 28-те земји членки на Европската унија тие се зголемиле за 0,4 проценти. Во јуни, тие стагнираа и во еврозоната и во ЕУ, известува Еуростат.

Со исклучок на енергетскиот сектор, производствените цени во јули, останале непроменети во однос на претходниот месец и во еврозоната и во ЕУ. Во енергетскиот сектор тие се зголемиле за 0,8 проценти во еврозоната, и 1,2 проценти во ЕУ.

Според податоците со кои во моментов располага Еуростат, најизразен раст на индексот на производствените цени на месечно ниво е забележан во Велика Британија (1,9 проценти), Грција (0,9 проценти) и Холандија (0,7 проценти). Најголем пад е забележан во Естонија (5,0 проценти). Следат Словачка со пад од 0,5 проценти, Кипар за 0,4 проценти и Хрватска каде се намалиле за 0,3 проценти.

На годишно ниво вкупните производствени цени на индустриските производи се зголемиле во јули за 0,2 проценти во 17-члената еврозоната, како и за 0,7 проценти во 12-члената ЕУ, покажуваат проценките на Еуростат.

Ако се иклучи енергетскиот сектор, цените се зголемиле за 0,6 проценти во еврозоната и 0,8 проценти во ЕУ. Во енергетскиот сектор на еврозоната беше забележан пад на годишно ниво за 0,6 проценти, додека во ЕУ тие се зголемиле за 0,3 проценти.

На годишно ниво, според моментално достапните информации, најголем раст е забележан во Естонија (8,4 проценти), Данска (5,1 проценти) и Велика Британија (4,4 проценти), а најголем пад е забележан во Кипар (2,3 проценти), во Бугарија (1,8 проценти) и Литванија (1,4 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП