20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТука е, ова е новиот „DeLorean“ (ФОТО)

Тука е, ова е новиот „DeLorean“ (ФОТО)

Иднината што ни ја покажа Роберт Земекис во вториот дел од трилогијата „Враќање во иднината“ (Back to the Future) одамна пристигна и помина, а сѐ уште нема летечки автомобили. Меѓутоа, во 2022-ра година добивме нешто друго – пристигна модерниот „DeLorean“, како духовен наследник на истоимениот спортски автомобил, кој ја „играше“ улогата на временска машина на големиот екран.

„DeLorean“ официјално се врати овој понеделник и е подготвен да ја прифати иднината со префрлување на електрична енергија. Новиот модел го доби името „Alpha5“, а беше инспириран, се разбира, од легендарниот „DeLorean DMC-12“ од раните 1980-ти.

А, новиот модел доби форма на елегантно купе со традиционални врати кои се отвораат нагоре (gullwing). Автомобилот е дизајниран од „Italdesign“, а вратата е значително поширока од оригиналот, бидејќи преку истиот отвор може да се влезе и на задните седишта на автомобилот.

Во согласност со денешните електрични автомобили, „Alpha5“ има големи, аеродинамични тркала и тенки „LED“ фарови напред и назад. Приклучокот за полнење е на предниот браник од страната на возачот, така што веќе нема потреба да се отвора багажникот за да се пристапи до отворот за бензин, како кај „DMC-12“.

„Alpha5“ има и двобојна завршница и линија на покривот што потсетува на автомобилот кој стана познат по трилогијата „Враќање во иднината“.

Внатрешноста е карактеристична и за модерните електрични автомобили, со целосно дигитализирана контролна табла. „Alpha5“ има два реда седишта, со две индивидуални седишта, а речиси сите функции се контролираат преку екран на допир.

Возачот пред него има широка дигитална инструмент табла и волан со рамен долен дел. Пристапот до задните седишта треба да биде лесен со оглед на тоа колку е широка вратата, но и отсуството на B-столбот.

Детали за електричниот погонски систем не се објавени, но се наведува дека на автомобилот му требаат 2,99 секунди од 0 до 96 km/h (0-60 милји на час), 0-142 km/h (0-88 mph) само 4,35 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Батеријата има капацитет од „над 100 kWh“, што според EPA е доволно за автономија од над 480 километри. Сите овие спецификации се однесуваат на основниот модел, што навестува дека се планираат помоќни верзии.

Електричното купе има екстремно низок коефициент на отпор на воздухот од само 0,23, што не е најдобар резултат меѓу новите модели кои не трујат, со оглед на тоа што „Mercedes“ постигна Cd од 0,20 со „EQS“.

Новиот „DeLorean“ е многу поголем од својот предок, со должина од 4.995 mm, ширина од 2.044 mm и визија од 1.370 mm (кога вратата е затворена).

Производителот наведува дека „Alpha5“ ќе се произведува во Италија, додека погонската единица ќе ја обезбедува добавувач од Велика Британија.

Ќе се направат само 88 автомобили (симболично, со оглед на брзината од 88 милји на час, со која филмот „DeLorean“ патуваше низ времето), а потоа ќе следи спортско купе со „V8“ мотор.

Ако се оди според планот, проширената линија на новиот „DeLorean“ ќе вклучува електричен седан, па дури и „SUV“ со водородни горивни ќелии.

По јавно деби во август на саемот за автомобили во Пебл Бич, Калифорнија, „DeLorean Alpha5“ ќе влезе во производство во 2024-та година. Цената сѐ уште не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП