19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем раст на биткоинот во последните две недели

Најголем раст на биткоинот во последните две недели

Биткоинот забележа најголем раст во последните две недели, приближувајќи се до нивото од 31.000 долари денес, бидејќи кинеското олеснување на рестриктивните мерки за коронавирусот го поттикна ентузијазмот на инвеститорите да инвестираат во поризични средства.

Најголемата светска криптовалута по пазарна капитализација зајакна за дури 5,8 отсто на 30.858,53 долари на денешното тргување во Лондон, пренесува „Блумберг“.

Етер и другите помали криптовалути, како што е Аваланш, кои претрпеа голем пад минатата недела додека биткоинот беше релативно стабилен, исто така закрепнаа. Етер порасна за 6,6 отсто, додека Аваланш и Солана скокнаа за 9 и 6 отсто, соодветно.

Вредноста на криптовалутите повторно ги следи цените на акциите на берзите, велат аналитичарите. Акциите на азиските и европските пазари растат од утрово откако главниот индекс на Волстрит – S&P 500, во петокот зајакна за повеќе од 6 отсто на неделно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП