Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, рече дека целосниот прекин на руската набавка на нафта може да доведе до зголемување на цената на тој енергенс, што ќе и овозможи на Русија да оствари поголем профит и да ги пренасочи тие средства за зајакнување на својата воена моќ.
„Ако сега престанеме да купуваме руска нафта, рускиот претседател Владимир Путин веројатно ќе ја префрли нафтата што не ја продава во Европската унија на светскиот пазар, каде што цените ќе скокнат, а тој ќе добие уште повеќе пари за тоа“, изјави Фон дер Лајен.

