Коосновачот на Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, верува дека има 50 отсто шанси да се појави нова пандемија во следните 20 години и дека нејзиното потекло веројатно ќе биде природно.
„Човечката популација расте и ние навлегуваме во се повеќе екосистеми. Затоа предвидувам дека има 50 проценти шанси да имаме нова пандемија од природно потекло во следните 20 години, како резултат на климатските промени“, рече Гејтс.

