24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин е подготвен да разговара за продолжување на испораката на украинското жито

Путин е подготвен да разговара за продолжување на испораката на украинското жито

Во телефонски разговор во саботата, рускиот претседател Владимир Путин им рекол на францускиот претседател Макрон и на германскиот канцелар Шолц дека Русија е подготвена да разговара за начините што ќе и овозможат на Украина да продолжи да испорачува жито од пристаништата на Црното Море, соопшти Кремљ.

Русија и Украина произведуваат речиси една третина од светските резерви на пченица. Во исто време, Русија е клучен светски извозник на ѓубрива, а Украина е главен извозник на пченка и сончогледово масло.

„Русија е подготвена да помогне во изнаоѓањето опции за континуиран непречен извоз на житни култури, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море“, соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува и дека Путин им рекол на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Русија е подготвена да го зголеми извозот на ѓубрива и земјоделски производи доколку бидат укинати санкциите.

Тој ова барање го упати во разговорите со италијанските и австриските лидери во последните денови.

Украина и западните земји ја обвинија Русија дека ја користи кризата со храна, поттикната од нејзината инвазија на Украина, како оружје, што значително ги зголеми цените на житариците, маслото за јадење, горивото и ѓубривата.

Официјална Москва за таквата ситуација ги обвини санкциите на Западот наметнати на Русија, како и поставувањето мини во украинските пристаништа.

Кремљ соопшти дека Путин рекол дека Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина.

„Посебно внимание се посветува на статусот на преговорите, кои се замрзнати поради Киев. Претседателот Владимир Путин ја потврди отвореноста на руската страна за продолжување на дијалогот“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП