Украинската армија се пофали на својот Фејсбук дека била снабдена со копнени фрлачи на моќни противбродски ракети од типот Харпун, заедно со придружните проектили.
„Тоа се испораки од Холандија, Велика Британија и Данска, а наскоро ќе се приклучат и други земји. Овие проектили ќе ја бранат Украина од непријателските руски бродови во Црното Море“, се вели во соопштението на украинската војска.
„И други бродови на агресорот ќе му се придружат на крстосувачот Москва на дното на Црното Море“, се вели во соопштението.