18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиого Жота со специјално дизајнирани копачки во финалето на ЛШ (ФОТО)

Диого Жота со специјално дизајнирани копачки во финалето на ЛШ (ФОТО)

Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота ги покажа копачките кои ќе ги носи во претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Португалскиот интернационалец објави фотографии од своите нови копачки, кои се специјално изработени за оваа прилика, бели со сини акценти, а на нив е означени „№20“ и португалското знаме. Тука е и пораката „Ништо не е невозможно“.

Жота најверојатно нема да биде стартер за Ливерпул. Според најавите, Јирген Клоп во нападот ќе стартува со Садио Мане, Мохамед Салах и со Луис Дијаз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП