4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на извозот на Јужна Кореја

Раст на извозот на Јужна Кореја

izvozuvoz1

Темпото на раст на извозот на Јужна Кореја во август е забрзано, што е уште еден знак за закрепнување на економијата, објави Министерството за трговија, индустрија и енергетика на земјата.

Минатиот месец обемот на извозот е зголемен за 7,7 проценти во споредба со август минатата година, на 46,737 милијарди долари, по растот од 2,6 проценти во јули.

Економистите очекуваа дека во август извозот ќе порасне за четири проценти.

Јужна Кореја во изминатиот месец го зголеми и увозот, но само за 0,8 проценти на годишно ниво, на 41,45 милијарди долари.

Суфицитот на трговскиот биланс на земјата е зголемен од 2,54 милијарди долари во јули, на 4,92 милијарди во август, со очекуван раст од 2,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП