4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„На светската економија и се заканува „совршена бура“

„На светската економија и се заканува „совршена бура“

„Во моментов, комбинираното дејство на различни ризици ѝ се заканува на глобалната економија со „мала совршена бура“.

Ова го изјави Хозе Виналс, претседател на мултинационалната банка Стандард Чартер, приклучувајќи се на низата страшни предупредувања за изгледите за глобалниот раст, на Светскиот економски форум(СЕФ) во Давос.

„Имавме големи кризи во минатото, но оваа, со толку многу различни извори на ризик, може да биде единствена по своите димензии“, рече тој во интервју за ТВ Блумберг.

Американскиот секретар за трговија Џина Рејмондо изјави за СЕФ дека треба да се направи повеќе за да се стави под контрола инфлацијата, додавајќи дека намалувањето на царините може да биде опција и дека Федералните резерви можеби ќе треба да преземе дополнителни мерки.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, кој денеска зборуваше на повеќе панели на овогодинешниот собир на швајцарските Алпи, рече дека Киев нема да тргува со територија заради склучување мировен договор и дека целта на меѓународната заедница треба да да биде целосна победа над Русија.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард оцени дека војната во Украина покажала дека Европа не разбира колкава моќ може да има на светската сцена и дека 27-члениот блок треба повеќе да „покаже мускули“, отколку сега.

Лагард изјави дека „огромниот пазар“ на ЕУ значи дека блокот може да постави трговски услови и дека нејзините закони за конкуренција му овозможуваат да ги блокира спојувањата низ светот.

Таа го посочи и потенцијалот на ЕУ да делува како обединета група во шопингот, а зборуваше и за огромните ресурси на пензискиот фонд кои можат подобро да се искористат.

Војната во Украина е доминантна тема на првиот собир лице в лице на светската економска и политичка елита на собирот во Давос по две години. Зголемената инфлација, недостигот на храна, климатските промени и ризиците од миграцијата се исто така високо на агендата на Светскиот економски форум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП