Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на девизниот пазар благо порасна.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 101,97 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,92 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 126,85 на 127,35 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0695 долари, додека вчера во ова време беше 1,0715 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,03 отсто, на 114,08 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,16 отсто, на 110,50 долари.