25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо градот со 25 милиони жители во април не е продаден ниту...

Во градот со 25 милиони жители во април не е продаден ниту еден автомобил

Најголемата кинеска метрополитанска област, дом на 25 милиони луѓе, е под строги мерки за изолација веќе седум недели, додека Кина продолжува со своите строги мерки за контрола на пандемијата, кои имаа силно влијание врз економијата.

Властите им наредија на луѓето да останат дома и да затворат многу компании додека се обидуваат да ја спречат најлошата епидемија на Ковид во градот до денес. Но, додека властите таму во понеделникот објавија дека ќе дозволат „ниски нивоа на активност“ во некои области, многу жители рекоа за Си-Ен-Ен дека не им е дозволено да излезат надвор од нивните станбени населби.

Ограничувањата поради Ковид сериозно се одразија на локалниот пазар на автомобили – речиси сите салони за автомобили се затворени, а продажбата воопшто не е забележана, се вели во соопштението на Шангајската асоцијација на дилери на автомобили.

Продажбата на автомобили во Кина падна за 46 отсто во април, во споредба со март 2022 година.

Тоа беше најлошата продажба во април во последната деценија, објави кинеската асоцијација на производители на автомобили минатата недела. Кина воведе строги ограничувања додека се бори со најголемата епидемија на Ковид во повеќе од две години.

Според проценките на Си-Ен-Ен, повеќе од 30 градови во Кина се целосно или делумно затворени, погодувајќи до 187 милиони луѓе ширум земјата.

Шангај е исклучително важен за кинеската автомобилска индустрија. Градот е на прво место по вкупната продажба на автомобили – околу 736.700 нови возила се продадени во Шангај минатата година, најмногу меѓу сите кинески градови, според статистиката на главниот регулатор за осигурување во земјата. Тој е, исто така, голем производствен центар, дом на производители на автомобили како што се Тесла и Фолксваген, како и големи добавувачи на делови како што се Bosch и ZF Group.

Карантините во Шангај и другите кинески градови предизвикаа големи нарушувања во синџирот на снабдување и ја погодија потрошувачката во втората по големина економија во светот. Така, и покрај локалното производство, остар пад на продажбата бележат големите производители, од кои некои нудат комплетна онлајн услуга.

Продажбата на Tesla во Кина во април паднала за цели 98 отсто во однос на претходниот месец, додека производството во фабриката во Шангај е помало за 81 отсто. Тоа е голем удар за американскиот производител на автомобили по добриот почеток на годината во Кина.

Тојота минатата недела објави дека затворила 14 производни линии во осум фабрики во Јапонија, поради недостиг на делови како резултат на затворањето во Шангај.

Nissan Motor исто така објави пад на продажбата од 46% во Кина во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП