Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака.
Пол Кругман се смета за еден од највлијателните економисти на денешницата. Освен по редефинирањето на теоријата за меѓународна трговија, познат е и како основач или коосновач на неколку нови дисциплини во меѓународната економија – од новата трговска теорија (NTT) и новата економска географија (NEG) до модели на финансиски кризи и движења на девизниот курс. Нобеловата награда за економија ја доби во 2008 година.

