Европската комисија денеска предложи кршењето на санкциите на ЕУ да се додаде на листата на кривични дела, како и да се зајакнат мерките за конфискација на имотот на криминалците, вклучително и оние кои профитираат со кршење на рестриктивните мерки донесени во ЕУ.
Новите потенцијални кривични дела се дејствија или активности со кои се настојува директно или индиректно да се заобиколат рестриктивните мерки, вклучително и прикривање на имот, незамрзнување на средства кои припаѓаат, држат или контролираат одредени лица или ентитети, како и ангажирање во трговија со стоки опфатени со трговски забрани.

