20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Германската економија може брзо да закрепне, но сè уште има ризици

ММФ: Германската економија може брзо да закрепне, но сè уште има ризици

Германската економија е на пат да закрепне брзо, но сè уште има надолни ризици, а Берлин мора да се фокусира на ублажување на ефектите од војната во Украина и обезбедување на снабдување со гас, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според организацијата, фискалната политика во најголемата европска економија треба да биде флексибилна наспроти позадината на неизвесното опкружување.

ММФ прогнозира дека германската економија ќе порасне за околу 2% во 2022-ра година, а во 2023-та година растот ќе се забрза до нешто повеќе од 2%, бидејќи цените на енергенсите растат и проблемите со синџирот на снабдување се намалуваат, а појавата на нови инфекции останува под контрола.

„Потоа, растот ќе забави до потенцијалното ниво во 2024-та година“, соопшти ММФ.

„Растот на бруто домашниот производ (БДП) ќе остане под предпандемиските трендови на среден рок, со оглед на предизвиците од порастот на цените на енергијата за приватните инвестиции, послабата надворешна побарувачка и растечката економска и геополитичка неизвесност поради војната во Украина“, велат од организацијата, додавајќи дека обезбедувањето снабдување со гас мора да биде итен приоритет за Берлин.

„Најголемата закана за перспективите е трајниот и целосен прекин на извозот на руски гас во Германија и Европа“, предупреди ММФ.

Податоците објавени претходно во текот на денот покажаа дека деловното расположение во Германија неочекувано се подобри во мај.

Мерачот на очекувањата на Институтот „Ifo“ со седиште во Минхен се зголеми на 86,9 поени во мај од ревидираните 86,8 поени во април. Сепак, индикаторот остана под долгорочниот просек. За споредба, очекувањата на економистите беа за благо влошување.

Благ пораст бележи и мерката ставови кон актуелните состојби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП