27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна најмоќниот сериски „Golf“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна најмоќниот сериски „Golf“ во историјата (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ претстави специјална верзија на „Golf R“ по повод 20-тиот роденден на овој спортски модел.

Да, „Golf R“ (32) беше претставен пред 20 години, а сега ни доаѓа посебна, славеничка варијанта од „Volkswagen“. Новиот „Golf R“ го задржува истиот 2.0 (EA888) турбо-бензинец, кој сега е зголемен за 13 KS на дури 333 KS.

Јубилејната верзија на „Golf R“ доаѓа во комбинација со надграден 7-брзински „DSG“ менувач кој ја пренесува силата на сите четири тркала.

На списокот на опрема се наоѓа и спортскиот издувен систем „Akrapovic“ од титаниум, а „VW“ нуди т.н. „Emotional Start“ режим на работа, каде што моторот на стартот се ротира со 2.500 вртежи во минута, што нема да им се допадне на вашите соседи, пишува „Autocar“.

Модификации се направени и на турбината, па крајниот резултат е многу видлив при возење.

На купувачите им се нудат само две нијанси на каросеријата, „Lapiz“ сина и бела, а изборот на боја влијае на финишот на 19-инчните алуминиумски тркала „Estoril“.

Тука се и пневматиците „Michelin Sport Cup 2“, како и бројни ознаки кои укажуваат дека се работи за посебна, јубилејна верзија.

Цената не е објавена, но се очекува роденденскиот „Golf R“ да биде за околу 10.000 евра поскап од обичниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП