7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ги затвораат финансиските канали за плаќање на руските долгови

САД ги затвораат финансиските канали за плаќање на руските долгови

Соединетите Американски Држави ќе го затворат последниот финансиски канал до среда, преку кој Русија враќа долгови од милијарди долари кон меѓународните инвеститори, што ќе ја доведе Москва во позиција да не ги плаќа достасаните обврски и долгови за прв пат по Октомвриската револуција, пренесува АП.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се вели дека нема план за обновување на лиценцата, што ќе и овозможи на Русија да продолжи да ги плаќа долговите преку американските банки.

Веќе има индикации дека администрацијата на Бајден не е подготвена да ја продолжи лиценцата на Русија, наведува американската агенција.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен претходно изјави дека постои опција за „преоден период во кој на инвеститорите ќе им биде дозволено да продаваат хартии од вредност“.

„Се очекува тоа да биде временски ограничено“, рече Јелен.

Без дозвола да ги користи услугите на американските банки за плаќање долгови, Русија нема да може да ги отплати своите меѓународни инвеститори.

Досега Кремљ ги користеше услугите на JPMorgan Chase и Citigroup како посредници за плаќање на своите обврски, пренесе агенцијата Танјуг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП