19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМасакр во Тексас: Убиени 19 ученици и 2 наставници

Масакр во Тексас: Убиени 19 ученици и 2 наставници

Ева Мирелес е првата идентификувана жртва на масакрот што се случи вчера во основното училиште Роб во Увалде, Тексас во кој беа убиени 21 лице, повеќето деца.

Мирелес, која имала 40 години, предавала во четврто одделение и работела во училиштето 17 години, пишува Њујорк Тајмс.

На веб-страницата на училиштето пишува дека таа била мажена за полицаец и имала една ќерка. Сакала трчање, планинарење, а нејзиниот миленик..

Нејзината тетка Лидија Мартинез Делгадо рече дека Ева била омилена во заедницата и дека е горда што предава во училиште во кое главно го посетуваат Латиноамериканци.

„Мојата внука, Ева Мирелес, заедно со уште една учителка и 18 деца, го загуби животот во бесмислено пукање. Бесен сум што пукотниците продолжуваат, овие деца се невини, пушките не треба да бидат лесно достапни за секого. Ова е мојот роден град, мала заедница со помалку од 20.000 луѓе. Немав поим дека ова ќе се случи, особено со моите најблиски. Не се објавени сите факти, но сè што можеме да направиме е усрдно да се молиме за нашата земја, државата, училиштата и особено за семејствата на сите“, рече Мартинез Делгадо.

Да потсетиме, најмалку 19 ученици и двајца возрасни се убиени во пукање во основното училиште Роб во Увалде, соопштија локалните власти и американската сојузна држава. Напаѓачот е средношколец кој пукал по случаен избор одејќи од училница во училница и тој исто така бил убиен, соопшти полицијата.

Гувернерот Грег Абот прецизираше дека еден наставник е меѓу убиените, пренесува АП.

Вчерашниот напад на основното училиште во Увалде, област населена со доминантно латино население. Ова е најголемото злосторство во училиштата во САД од декември 2012 година, кога вооружен напаѓач уби 20 деца и шест возрасни во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП