2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGiulietta доби нов дизајн

Giulietta доби нов дизајн

gulieta

„Alfa Romeo“ ја претстави освежената „Giuliettа“. Покрај малите козметички промени на надворешноста и дополнителните содржини во внатрешноста на возилото, во моделот за 2014-та година ќе се најде и новиот 2.0 JTDM 2 турбо-дизел мотор.

Од средината на 2010-та година, па се до денес продадени се 212.000 примероци од моделот „Alfa Romeo Giulietta“.

Три години откако се појави во продажба, автомобилот е малку редизајниран, а разликите во дизајнот се забележуваат само со внимателно наблудување.

gulieta1

Маската на ладилникот е редизајнирана така што е променет распоредот на попречните ленти, додека амблемот на производителот е нешто поголем од претходно.

Светлата за магла исто така се поголеми, а во понудата се и нови алуминиумски фелни со димензии од 16 до 18 инчи. Додадени се три нови бои на надворешноста, „Bronze“, „Anodizzato Blue“ и „Moonlight Pearl“.

На патниците ќе им биде достапен и „Uconnect“ мултимедијалниот систем со 5 или 6.5 инчен екран чувствителен на допир, а во понудата се и нови дезени и бои на материјалите со кои е обложена инструмент таблата, седиштата и облогите на вратите во внатрешноста на автомобилот. Подобрена е и организацијата на просторот во багажникот.

gulieta2

Последната, но не и помалку важна ставка за „Giuliette“ зa 2014-та е новиот мотор. Станува збор за 2.0 JTDM 2 турбо-дизел агрегат со 150 ks (110 kW) и 380 Nm максимален вртежен момент достапен при 1.750 o/min.

„Alfa Rome Giulietta“ за 2014-та ќе има премиера на претстојниот авто-саем во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП