7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците очекуваат астрономски скок на цената на струјата

Британците очекуваат астрономски скок на цената на струјата

Очигледно жителите на Велика Британија очекуваат енормно поскапување на струјата за домаќинствата.

Имено, шефот на Ofgem, британскиот енергетски регулатор, Џонатан Брерли, денеска изјави дека горната граница на цената за најкористената тарифа за потрошувачка електрична енергија се очекува да достигне 2.800 фунти (3.499,16 долари) по домаќинство годишно во октомври.

Предложената граница би била значителен скок од сегашните 1.971 фунта, износ што, кога беше воведен во април, веќе претставуваше зголемување на цената на електричната енергија за повеќе од 50 отсто во однос на претходното ниво, пренесува Ројтерс.

Доколку биде усвоена, границата од околу 2.800 фунти во октомври ќе ги надмине прогнозите на Cornwall Insights, која претходно објави дека аналитичарите очекуваат зголемување на сметките за електрична енергија до просечни 2.595 фунти годишно.

„Сегашната промена на цените на пазарот на гас несомнено е настан од една генерација што не е виден од нафтената криза во 1970-тите“, рече Брерли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП