1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„Поблиску сме до победата“: Украина ја доби најсмртоносната пратка на оружје досега

„Поблиску сме до победата“: Украина ја доби најсмртоносната пратка на оружје досега

Првите примероци на моќните американски хаубици М777 пристигнаа во Украина, заедно со украинските војници кои беа обучени да ги користат.

Украинската 55-та артилериска бригада е опремена со дузина примероци од ова најсмртоносно оружје што западните земји досега и го испратиле на Украина, а војниците кои го користат, како и нивните команданти, се надеваат дека тоа ќе им помогне на Украинците да победат во крвавиот конфликт со руска војска кој трае веќе три месеци.

„Ова оружје не носи поблиску до победата“, изјави за Њујорк тајмс бригадниот генерал Роман Качур, командант на 55-та бригада.

САД, Канада и Австралија заеднички ветија дека ќе испратат дури 100 хаубици М777 во Украина – од кои дури 90 се од САД. Иако на почетокот оружјето не се издвојува по својот изглед – за неквалификуван набљудувач изгледа како секој друг артилериски топ што треба да го влечат други возила за да го придвижат – во многу погледи се работи за најнова технологија.

Влечената хаубица, која се користи во вооружените сили на САД од 2005 година, е подобрена во однос на своите претходници на сите можни технички начини. Првото нешто што го постигнаа дизајнерите беше драстично намалување на неговата тежина – целиот систем тежи само 4,2 тони, додека неговиот претходник M198 тежеше дури 7,15 тони. Овој напредок е постигнат благодарение на употребата на титаниум наместо челик во повеќето делови од конструкцијата – материјал кој е многу полесен, но сепак доволно силен и издржлив, пренесува Јутарњи лист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП