1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПесочна бура го парализираше Блискиот Исток(ВИДЕО)

Песочна бура го парализираше Блискиот Исток(ВИДЕО)

Во делови од Блискиот Исток, на жителите им е кажано да останат во своите домови, додека летовите се откажани поради најновата песочна бура, за која се вели дека е без преседан во регионот.

Невремето во последните недели испрати илјадници луѓе од Блискиот Исток во болници, најмалку едно лице загина во Ирак и три во Сирија.

Невремето зафати и делови од Иран, Кувајт и Саудиска Арабија.

Метеоролошките експерти и официјални лица ги обвинуваат климатските промени и слабите регулативи на владите на тие земји.

Апел до населението да остане дома

Песочните бури се потпомогнати од сезонските ветрови и се типични за периодот од доцна пролет до лето.

Сепак, оваа година има бури речиси секоја недела во Ирак, почнувајќи од март.

Од Ријад до Техеран во понеделникот небото беше портокалово поради песочната бура.

Ирачките власти прогласија национален ден, апелирајќи до владините претставници и жителите да останат дома, бидејќи се предвидува дека невремето ќе ја погоди земјата по десетти пат во претходните два месеци.

Министерството за здравство подготви резерви на кислород во медицинските установи и областите кои ќе бидат најмногу погодени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП