18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарел нафта 112 долари, пазарот на криптовалути во црвено

Барел нафта 112 долари, пазарот на криптовалути во црвено

Нафтениот пазар од утрово бележи благ пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 112 долари за барел, што е намалување за околу 1 отсто во однос на вчерашниот ден кога цената беше 113 долари. Цената на нафтата на американскиот пазар е 109 долари.

Биткоин утрово 29.000 долари

Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 29.351 долар, што е намалување за речиси 3% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во црвено.

Цената на пченица и пченка поскапува

Од утрово поскапуваат житарките. Цената на пченицата е 1.190 долари за тон, што е пораст од речиси 2 отсто во однос на вчерашниот ден. Цената на пченката е 786 долари, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП