26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRed Bull е најомилениот работодавец

Red Bull е најомилениот работодавец

redbull1

„Red Bull“ е најомилениот приватен работодавец меѓу студентите во Европа, покажува истражувањето на „Carrier Service Austria“.

Веднаш зад него се наоѓаат дневникот „Der Standard“, како и компанијата „Siemens“.

Студентите очекуваат дека во просек треба да заработуваат околу 2,372 евра, а најмногу очекувања имаат студентите од инженерските науки.

За повеќе од две третини од студентите подеднакво е прифаливо вработувањето во јавниот и приватниот сектор, а само осум проценти од нив сакаат веднаш по студиите да се вработат.

Своите шанси на пазарот за труд, студентите ги гледаат со оптимизам, и дури 59 проценти проценуваат дека три месеци по завршувањето на студиите имаат шанси да ја пронајдат соодветната работа.

Притоа, 70 проценти од нив се исклучително флексибилни, така што поради работата се подготвени да го променат местото на живеење.

Исто така, 18 проценти изјавиле дека повеќе сакаат да се вработат во странство, а како најдобра земја за тоа ја посочиле Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП