19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТИталија развила план за мир во Украина

Италија развила план за мир во Украина

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.

Првата цел е прекин на борбите во некои области, потоа прекин на огнот, преговори за неутралност и, конечно, мировен договор.

„Сега ни треба дипломатска контраофанзива“, изјави Ди Мајо за La Stampa, нагласувајќи ја потребата од координирани меѓународни напори.

Планот, развиен од дипломати и италијанската влада, беше претставен пред преговарачите од групација Г7, рече Ди Мајо. Тој разговараше и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Ди Мајо, сепак, е песимист за преговорите со Русија. „Не сакам да испаднам дека сум злобен пророк, но не гледам дека се водат некакви преговори“, рече тој.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека Москва го разгледува предлогот за италијански мировен план за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Неодамна го добивме и го проучуваме“, рече тој. Нагласи дека немало разговори меѓу Русија и Италија, додавајќи дека Русија подоцна ќе го коментира планот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП