25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТен Хаг: Не е добро

Тен Хаг: Не е добро

Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, изјави дека ситуацијата не е толку добра, но истакна дека е убеден оти може да постигне успех.

Тен Хаг, вчера, од трибините гледаше како нивниот нов тим загуби од Кристал Палас со 1-0, со што тимот дојде до шестото место во Премиер лигата.

Холанѓанецот, кој минатата недела пристигна во Лондон за да почне со плановите за следната сезона, не негува илузии за задачата што го чека, туку е фокусиран на плановите поврзани со преодниот рок.

„Моментата ситуација не е добра и мора да ја прифатиме, но исто така треба да бидеме свесни дека оваа екипа беше втора во Премиер лигата пред една година. Потенцијалот постои и сега на нас е да го извадиме“, изјави Тен Хаг за клупската телевизија.

„Тоа е процес, ќе треба време, но убеден сум дека ќе стигнеме до точка каде што ќе постигнеме успех. Мора да работиме напорно и се да се базира на вистинската филозофија и стратегија“, додаде тој.

Холанѓанецот потврди дека Јунајтед ќе ги почне подготовките за следната сезона на 27 јуни.

„Мораме да го засилиме тимот на одредени позиции. Но, како што кажав, пред една година овој тим беше втор во лигата, така што има потенцијал и со нетрпение очекувам да работам со тимот“, изјави Тен Хаг.

Планот му е да изгради тим во кој играчите ќе се борат еден за друг, кој е обединет и кој ќе носи резултати.

Трансферот на „Олд Трафорд“ го нарече возбудливо поглавје во неговата кариера и додаде дека со нетрпение очекува да работи во клуб со толку голема историја.

Манчестер јунајтед објави дека поранешниот селектор на Англија, Стив Мекларен, и Мичел ван дер Гаг ќе му бидат помошници на Тен Хаг. Мекларен веќе соработуваше со Тен Хаг во Твенте, а Ван дер Гаг со него во Ајакс.

Мекларен работеше како асистент на Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“ од 1999 до 2001 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП