24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ бензините поскапуваат, дизелот се намалува

Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.5.2022 година.

Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалува 1,00 ден./л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 ден./л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 ден./л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,624 ден./кг и сега ќе изнесува 54,963 ден./кг.

Од 24.5.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 95,00 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 97,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 54,963 (денари/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП