24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ го претстави идниот ривал на „Porsche Taycan“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes“ го претстави идниот ривал на „Porsche Taycan“ (ФОТО/ВИДЕО)

Откако најави уште поголем ангажман во понудата на премиум модели, „Mercedes“ го претстави концептот кој навестува како ќе изгледа новиот електричен модел. „Vision AMG“ дефинитивно доаѓа како потенцијален ривал на „Porsche Taycan“.

„Mercedes Vision“ ќе ја користи новата механичка платформа „AMG.EA“, која сѐ уште е во развој. Плановите се јасни, а тоа е дека првиот електричен модел со високи перформанси ќе пристигне на патиштата во 2025-та година.

„„Vision AMG“ демонстрира спектакуларен стил и покажува дека електрификацијата може да изгледа одлично во палетата на „Mercedes-AMG“, додека ја задржува препознатливата естетика на марката“, изјави извршниот директор на „AMG“, Филип Шајмер.

„Autocar“ дознава дека новиот модел ќе го задржи овој концепт купе-лимузина. Исто така, стоп светлата, кои се чини дека имитираат издувни цевки, лесно би можеле да влезат во сериско производство.

Со должина од 5,1 метар, „Vision AMG“ е дури малку подолг од „Mercedes-AMG GT“ со 4 врати, но и околу 15 сантиметри подолг од гореспоменатиот „Porsche Taycan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП