Актерот Морган Фримен е меѓу 963 Американци на кои им е „трајно забранет“ влез во Русија, пишува британски „Метро“.
Холивудската суперѕвезда се приклучи на листата на познати личности на кои им е забранет влез во земјата, меѓу кои и првиот човек на Фејсбук Марк Цукерберг и поранешната прва дама на Америка Хилари Клинтон.
Овој потег доаѓа како одговор на американските санкции наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Фримен, наводно, бил додаден на списокот откако се појавил во видео во 2017 година, во кое се обвинува руската влада за мешање во американската демократија.