25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа Boeing ќе му требаат 500.000 нови пилоти

На Boeing ќе му требаат 500.000 нови пилоти

boeing_787_dreamliner_3

На американската компанија „Boeing“ до 2032-та година ќе и бидат потребни 498 илјади нови пилоти за управување на авионите кои требаат да бидат испорачани во следните дваесет години.

Како што пренесуваат одредени медиуми во следните дваесет години флотата на авиони на „Boeing“ ќе биде двојно зголемена и ќе бидат вработени нови 556.000 нови пилоти, техничари и членови на екипажот.

„Итната побарувачка за компетентно воздухопловен кадар претставува конкретен глобален проблем“, изјави заменик директорот на службата за летање во „Boеing“.

Врз основа на нарачките кои се планирани до 2032-та година во светот годишно ќе бидат потребни по 25.000 нови пилоти за управување на авионите, но и по 28.000 техничари.

Како што се наведува во извештајот, во азиско-пацифичкиот регион во наредните 20 години ќе бидат потребни 192.000 пилоти и 215.300 техничари за управување и сервисирање на авионите на „Boeing“. Во Европа оваа бројка изнесува 99.700 пилоти и 108.200 техничари, а во Северна Америка 85.700 пилоти и 97.900 техничари.

Во Латинска Америка ќе недостасуваат 48.600 пилоти и 47.000 техничари, Блискиот Исток 40.000 пилоти и 53.100 техничари, Африка 16.500 пилоти и 15.900 техничари, а во Русија 15.200 пилоти и 18.000 техничари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП