24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата порасна поради поголемата побарувачка од понудата, 113 долари за барел

Нафтата порасна поради поголемата побарувачка од понудата, 113 долари за барел

Цените на нафтата денеска пораснаа, продолжувајќи го минатонеделниот благ раст, поттикнат од силната побарувачка за гориво во САД, оскудната понуда и слабеењето на доларот.

Европската нафта од типот “брент” поскапе за 72 центи на 113,27 долари за барел во азиското тргување до 4:08 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта WTI порасна за 53 центи, или 0,48 отсто, на 110,81 долари за барел.

Трендот на раст беше под влијание на силната американска побарувачка за гориво во пресрет на главната сезона на патувања, која традиционално започнува на викендот на Денот на сеќавањето на крајот на мај и завршува на Денот на трудот во септември.

Аналитичарите велат дека и покрај стравувањата дека зголемувањето на цените на горивото потенцијално ќе ја намали побарувачката, податоците од TomTom и Google укажуваат на зголемување на мобилноста во последните недели и зголемен број луѓе на патиштата.

Слабеењето на американскиот долар, кој ја прави нафтата поевтина за купувачите кои поседуваат други валути, исто така придонесе за зголемената побарувачка.

Порастот на цените на „црното злато“, од друга страна, ја ограничи загриженоста за напорите на Кина да го задуши коронавирусот со мерките за заклучување, иако беше најавено дека Шангај треба повторно да се отвори на 1 јуни по речиси два месеци карантин.

Затворањата во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, го загрозија индустриското производство и градежништвото, поради што владата минатиот петок усвои сет мерки за стимулирање на економијата, вклучително и поголемо намалување на каматните стапки на хипотеките од очекуваното.

Аналитичарите на АЗН велат дека мерките за ограничување на коронавирусот привремено ја задушија кинеската побарувачка за енергија и предвидуваат дека усвоениот сет на стимулации ќе придонесе за растот на индустриското производство во втората најсилна глобална економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП