1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРускиот „Алигатор“ кошмар за Украинците(ВИДЕО)

Рускиот „Алигатор“ кошмар за Украинците(ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Руската Федерација објави видео од акција на руските јуришни хеликоптери Ка-52 кои уништија конвој украинска опрема за време на рацијата.

Пилотите ја погодиле целта од далечина од пет километри, а потоа се вратиле на аеродромот.

„Хеликоптерите се исклучително прецизни, бидејќи имаат оптоелектронска опрема која овозможува откривање на непријателите на оддалеченост од повеќе од 10 километри. Користиме и оружје за наведување проектили. Со негова помош гледаме како се погодува целта, го гледаме местото каде ракетата ќе погоди“, изјави навигаторот на хеликоптерот.

https://www.youtube.com/watch?v=i0zw03zse8o&t=65s

Во борбена мисија, Ка-52 се испраќаат во парови да се покриваат еден со друг на небото.

Покрај решавањето на борбените задачи, екипажите на овие летала ги надгледуваат конвоите и обезбедуваат воздушна поддршка на единиците.

Хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“ е создаден врз основа на јуришниот хеликоптер Ка-50 „Црна ајкула“. Спротивно на тоа, Алигаторот има двајца членови на екипажот.

„Алигатор“ е напаѓачки хеликоптер со коаксијална шема на пропелер. Ова му овозможува на хеликоптерот да троши помала моќност на моторот бидејќи нема потреба од ротор на опашката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар