26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕрдоган ја предупреди Шведска: Очекуваме конкретни чекори!

Ердоган ја предупреди Шведска: Очекуваме конкретни чекори!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја информираше шведската премиерка Магдалена Андерсон дека Анкара очекува конкретни чекори поради поврзаноста на земјата со терористичките организации.

Во телефонскиот разговор Ердоган додаде дека треба да се укине ембаргото за извоз на оружје воведено кон Турција, кое Шведска го поддржа по влегувањето на турската армија во Сирија во 2019 година, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај оваа година.

Турција ги изненади сојузниците во НАТО минатата недела со тоа што се спротивстави на приемот на двете земји во организацијата, но западните лидери изразија уверување дека приговорите на Анкара нема да бидат пречка за тоа да се постигне.

Анкара тврди дека Шведска и Финска ја поддржуваат милитантната група на Курдистанската работничка партија (ПКК) и следбениците на Фетулах Ѓулен, кога го обвинуваат за организирање на обидот за пуч во Турција во 2016 година, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП