20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар и ветува течен природен гас на Германија од 2024-та

Катар и ветува течен природен гас на Германија од 2024-та

Германија се согласи да добие течен природен гас од новиот проект на „Qatar Energy“ во САД, пишува „Bloomberg“. Испораките може да започнат во 2024-та година, според меморандумот потпишан од двете страни.

Германија и Катар преговараат за долгорочни договори за снабдување со течен гас, што може да биде комплицирано од климатските амбиции на Берлин доколку катарската компанија бара договори за снабдување повеќе од 20 години.

Германија е посветена да постигне јаглеродна неутралност во својата економија до 2044-та година, малку порано од целта на ЕУ.

„Qatar Energy“ има 70% удел во гасниот проект „Golden Pass“ во Тексас. Другиот акционер во капацитетот за втечнување е „Exxon Mobil“.

Германија во моментов нема терминал за течен природен гас, но може да се потпре на капацитетите на своите соседи за да добијат алтернативи за гасоводот од Русија. Сепак, земјата има намера да изгради неколку пловечки терминали во наредните години и да ја намали зависноста од „Газпром“.

Според „Reuters“, владата планира да одвои 2,94 милијарди евра за изградба на терминали за течен гас, кои ќе ги градат „RWE“ и „Uniper“. Во германскиот град Вилхемсхавен се очекува да се изгради центар за терминали за течен гас, зелен водород и амонијак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП