23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкладиштата за гас во Европа се веќе полни до 45%.

Складиштата за гас во Европа се веќе полни до 45%.

Пазарите на гас во Европа се смирија во последниве денови, откако стана јасно дека складиштата за гас брзо се полнат, а цената на природниот гас се движи кон неделен пад од околу 7%, според „Bloomberg“.

Договорите за испорака во јуни се тргуваа под 90 евра за мегават-час во утринската сесија на холандската берза „ТТФ“. Ова е најниско ниво од почетокот на војната во Украина.

Трговците се надеваат на растечките количества природен гас во европските складишта за гас, како и на досега стабилните испораки на гас од Русија.

Според „Gas Infrastructure Europe“, европските складишта за гас се полни до 45%. Вчера (19 мај), Европскиот парламент и Европскиот совет се договорија за регулатива за гас со која се бара од земјите на ЕУ да ја дочекаат новата грејна сезона (почетокот на октомври) со капацитети за складирање гас полни најмалку 80%.

Во меѓувреме, сепак, допрва следуваат плаќањата на големите европски потрошувачи на природен гас, а не е јасно дали тие ќе ги исполнат барањата на „Газпром“ за плаќања во рубљи. Рускиот вицепремиер Александар Новак пред еден ден коментираше дека половина од клиентите на „Газпром“ отвориле сметки во „Газпромбанк“ и за неколку дена ќе стане јасно што се случува со плаќањата.

Москва ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи двете земји одбија да се придржуваат до новата шема за плаќање. Од утре и Финска повеќе нема да добива руски гас, затоа што земјата одлучи да прекине да ја снабдува оваа скандинавска земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП