13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Започна уште посилна офанзива? „Таму е пекол“

Зеленски: Започна уште посилна офанзива? „Таму е пекол“

Руската војска ја интензивираше својата офанзива во регионот на Источен Донбас користејќи артилерија, ракетни фрлачи и авиони, соопшти во петокот украинскиот Генералштаб.

„Рускиот непријател изврши големо артилериско гранатирање на цивилна инфраструктура, користејќи ракетни фрлачи со повеќе цевки“, се вели во соопштението на Ројтерс.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите, а Русија негира дека цели на цивили.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во четвртокот изјави дека индустриската зона Донбас е во фокусот на најновата руска офанзива и дека е целосно уништена.

„Окупаторот се обидува да наметне уште поголем притисок. Таму е пеколот, не претерувам. Има континуирани напади таму, во регионот на Одеса и на југ. Регионот Донбас е целосно уништен“, рече Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП