22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ86. ден војна во Украина: Последната фаза од војната ќе биде најкрвава;...

86. ден војна во Украина: Последната фаза од војната ќе биде најкрвава; Што значи Донбас за Русија?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека регионот Донбас го претвора во „пекол“, додека таму се водат интензивни борби, јавува Би-Би-Си.

Во ноќното обраќање од Киев, Зеленски рече дека руските сили го срамниле регионот.

-Постојани удари на регионот Одеса, на градовите во централна Украина. Донбас е целосно уништен, изјави претседателот на Украина.

Зошто Русија го гаѓа Донбас?

Русија го префрли најголемиот дел од својот фокус на војната во источна Украина откако ги повлече своите сили во близина на главниот град Киев.

Битката за старото индустриско срце на Украина познато како Донбас веројатно ќе ја реши судбината на руската инвазија, пишува Би-Би-Си.

Донбас е претежно рускојазично подрачје, а Русија постојано зборуваше за „ослободување“ на регионот, а исто така е „дом“ на две самопрогласени републики, Луганската и Доњецката народна република.

Русите до Словенците: Со оглед на непријателските чекори на Љубљана …

Министерството за надворешни работи на Русија вчера му врачи нота на словенечкиот дипломат во Москва, во која тој бара да се намали бројот на дипломатскиот персонал во Москва.

Зеленски очекува дека последната фаза од војната ќе биде најкрвавата

За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, украинскиот претседател Зеленски рече дека се уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми.

ЕУ размислува како да ја обнови Украина со имотот на руските олигарси

Европската унија истражува како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновата на Украина по војната, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за користење на замрзнатиот имот на руските олигарси за обнова на Украина. Мислам дека и Русија треба да даде свој придонес – изјави претседателката на ЕК за германската телевизија ЗДФ, пренесе Ројтерс.

Опсадата на Азовстал можеби сè уште не е завршена

Неколку часа по наводниот крај на опсадата на челичарницата Мариупол, објавено е видео кое се чини дека го кажува спротивното.

Доцна во четвртокот, Свјатослав Паламар, заменик-началникот на полкот Азов кој ја бранеше фабриката за челик, објави видео од 18 секунди во кое вели дека тој и другите команданти се сè уште внатре и се активни.

-Во тек е операција, чии детали нема да ги обелоденувам, рече тој.

Белата куќа сака да и испорача противбродски ракети на Украина

Белата куќа работи на испорака на противбродски ракети на украинската армија за да и помогне да ја надминат руската поморска блокада, изјавија американски официјални лица, додавајќи дека уште помоќното оружје, може да ги потопи руските воени бродови, може да го интензивира конфликтот.

Украина не криеше дека сака понапредно американско оружје, покрај сегашното што го доби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП