10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Очекуваното производство на пченица е 2,7 милиони тони, што е за 40,2 отсто повеќе во однос на ланското производство, објави Републичкиот Завод за статистика РЗС. Во однос на 10 годишниот просек од 2003 до 2012 година, производството на пченица е поголемо за 36,3 отсто. Очекуваното производство на посевите на ден 31 јули во однос на ланската година е зголемено кај пченката за 83,6 отсто, кај шеќерната репка за 32,9 отсто, сончогледот за 38,2 отсто и сојата за 58,6 отсто.

Сараево – Стапката на невработеност во САД во јули оваа година е намалена на 7,4 отсто, што е најмалку во последните четири и пол години во таа земја. Американската Федерална агенција за осигурување на депозити ФДИЦ соопшти дека американските банки во периодот од април до јуни оваа година заработиле повеќе од истиот период лани, порадни помалите загуби врз основ на лоши кредити.

Њујорк – Растот на светската економија може да забави поради ширење на кризата во Сирија, бидејќи цената на нафтата ќе се зголеми. А бизнисмените и потрошувачите би можеле да ги намалат своите трошоци, пишува американскиот деловен весник Вол стрит џорнал. Според оценката на економистите на ЈП Морган, 10 процентното поскапување на нафтата во последните три месеци може да влијае на пад на глобалниот БДП за 0,3 отсто, сметано на годишен основа.

Вашингтон – Новата категорија на купувачи помлада е од 10 или 20 години од просечниот европски купувач на луксузна стока и за разлика од Европјаните сакаат да се фалат со купените производи. Забележителната потрошувачка на луксузна стока во Европа повеќе не е резервирана исклучивои за богатите Европјани, Американци и Јапонци. Падот на економската моќ и стопанската криза во тие региони доведе до тоа оваа група на потрошувачи помалку да троши и добро да размислат пред да ги потрошат парите на луксузни предмети. Но, за среќа на Европа, продажбата на луксузна стока и понатаму ќе расте и тоа благодарение на млади купувачи од пазари во развој како што се Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток, кои во Европа буквално доаѓаат за да трошат пари, велат експертите.

Њујорк – На авионската индустрија до 2032 година ќе и требаат 498.000 нови пилоти за управување на авионите кои треба да бидат испорачани во следните 20 години, соопшти Боинг. Ургентната побарувачка во компетентниот аеронаутички персонал претставува конкретен глобален проблем, изјави Шери Карбари, заменик директор на Боинговата служба за летање.

Детроит – Американската компанија Форд најави повлекување на околу 370.000 модели од 2005 и 2011 година, од територијата на Северна Америка, поради проблем во системот за управување со возилата.Управата на компанијата соопшти дека се работи за повлекување на моделите Форд Краун Викторија, Меркури Гранд Маркис и Линколн Таун Кар, јави агенцијата Франс прес. Солта која се фрла на патиштата во време на мразеви доведува до голема корозија која може да го оштети управувачкиот систем и да доведе до губење на контрола над управувањето на возилото, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП