28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраински медиуми: Хрватска ќе го блокира приемот на Финска и Шведска во...

Украински медиуми: Хрватска ќе го блокира приемот на Финска и Шведска во НАТО

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека идното членство на Финска и Шведска во НАТО ќе зависи од тоа дали ќе се промени Изборниот закон во БиХ и дека Загреб ќе го блокира пристапот на двете земји во Алијансата, објави новинската агенција “Киев Индепендент” на Твитер.

Во соопштението на оваа агенција на Твитер се наведува дека Милановиќ посочил дека ги „уништуваат“ Хрватите во БиХ како политички субјект.

„Киев индепендент“ во посебно соопштение забележува дека Милановиќ предупредил дека ќе му нареди на постојаниот претставник на Хрватска во Алијансата да гласа против членството на Финска и Шведска.

Финска и Шведска вчера официјално ги поднесоа своите апликации за влез во НАТО, со што започна пристапниот процес кој се очекува да трае само неколку недели. Двете земји беа неутрални за време на Студената војна.

– Реакцијата на Русија за влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе биде пропорционална со присуството на Алијансата на територијата на тие две земји, истакна претседателката на Советот на Руската Федерација Валентина Матвијенко.

Матвиенко оцени дека одлуката на Шведска и Финска е донесена под притисок на Западот, пред се на САД и НАТО и дека влезот на двете земји во Алијансата ќе има негативно влијание врз политичката ситуација во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП