28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку чини електричното комбе на „Volkswagen“? (ФОТО/ВИДЕО)

Колку чини електричното комбе на „Volkswagen“? (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител „Volkswagen“ ги објави цените на својот нов електричен миниван „ID. Buzz“. Продажбата на моделот во Германија и во неколку други земји од ЕУ ќе започне на 20-ти мај, но на некои други пазари ќе се појави најрано во 2024-та година, соопштија од компанијата.

Електричниот автомобил е изграден на платформата „MEB“ и ќе биде достапен во две модификации – патнички со 5 седишта – „ID. Buzz Pro“, и товарен – „ID. Cargo“. Првиот ќе чини 64.581 евра, а во него не е вклучен попустот за Германија кој е 7.500 евра. Со него цената ќе се намали на 56.606 евра, а првите парчиња од моделот на купувачите ќе им бидат испорачани наесен.

Цената на основната верзија на карго верзијата пред попустот за електромобилот е 54.430 евра, а со попустот се спушта на 46.455 евра. Во подоцнежна фаза ќе има и модификација на миниванот со погон на четири тркала, како и почетна верзија со помала батерија, што значи помала километража.

Дури и во неговата основна верзија „VW ID. Buzz“ доаѓа со многу стандардна опрема. Вклучува систем за итно сопирање, проактивен систем за заштита на патниците, електронски клима уред, мултифункционален волан, „LED“ фарови, темпомат и многу повеќе.

Списокот на додатоци вклучува тркала од 18, 19 и 20 инчи, „LED“ матрични фарови, осветлена лента за предни светла, „LED“ задни светла со динамичен индикатор, 11 опции за боја, централна конзола што се отстранува, дополнителни „USB C“ порти за полнење и многу повеќе.

При влез на пазарот во Европа „ID. Buzz“ ќе доаѓа со една батерија со капацитет од 82 kW/h. Моќта доаѓа од електричен мотор со 201 ks и 310 Nm. Истиот погон го користи „VW ID.4“. Максимална моќност на полнење кога е поврзан на станица со директна струја (AC), додека „CCS“ конекторот на „DC“ станица (AC) обезбедува брзина на полнење до 170 kW.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП