20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на „Burberry“ расте бидејќи брендот преминува во повисока класа

Профитот на „Burberry“ расте бидејќи брендот преминува во повисока класа

Британската модна групација „Burberry“ ја зголеми својата профитабилност откако имаше корист од напорите да го направи својот бренд поексклузивен и поскап, пишува „Bloomberg“.

Производителот на луксузни стоки рече дека неговата приспособена работна маржа се зголемила на 18,5% во 53-те недели до 2-ри април, зголемувајќи сѐ за повеќе од еден процентен поен. Компанијата потврди дека на среден рок очекува нејзиниот раст на приходите да биде висок едноцифрен процент. Цената на акцијата порасна за 2,9%, намалувајќи го падот од почетокот на годината на 11%.

Ова се првите финансиски резултати кои компанијата ги објави откако Џонатан Акројд, поранешен извршен директор на „Versace“, стана извршен директор во март. Се очекува Акројд да ги следи стапките на неговиот претходник, Марко Гобети, во обид да го направи „Burberry“ бренд од повисоко ниво со намалување на дистрибуцијата од трети страни и ограничување на намалувањата на производите.

„Во текот на изминатите пет години, компанијата постигна добар напредок во подигањето на брендот. Едвај чекам да ги претставам моите планови за градење на овие силни основи и забрзување на растот во меѓувремените резултати во ноември“, вели Акројд.

Сепак, растот е забавен во последните месеци бидејќи блокадите во Кина ги погодија бизнисите на овој клучен луксузен пазар.

Во исто време, индустријата се бори со послаб туризам и пад на берзите, што може да ги принуди побогатите да ги ограничат своите купувања. Во март, „Burberry“ ги затвори своите продавници во Русија по почетокот на војната во Украина.

„Burberry“ тврди дека ограничувањата во Кина почнале да влијаат на продажбата во март.

„Нашата прогноза зависи од влијанието на Ковид-19 и стапката на закрепнување на потрошувачките трошоци во Кина“, соопшти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП