8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразилската економија порасна за 1,5 проценти

Бразилската економија порасна за 1,5 проценти

brazil1

Економскиот раст на Бразил во вториот квартал од оваа година ги надмина очекувањата, покажуваат податоците на Државниот статистички завод ИБГЕ.

Податоците покажуваат дека бразилската економија во вториот квартал пораснала за 1,5 проценти во споредба со првиот квартал, што е најбрзиот раст во последните три години.

Најголем раст е остварен во секторот за земјоделство, 3,9 проценти, потоа во секторот за индустрија 2,0 проценти.

„Намалувањето на инфлацијата и континуираниот раст започнуваат да ги растеруваат темните облаци кои се над нашата економија“, коментираше министерот за финансии на Бразил, Гвидо Мантега.

Министерот за финансии очекува дека наредната година растот ќе се искачи на четири проценти.

Стапката на бразилскиот економски раст во 2012 година изнесуваше 0,9 проценти. За оваа година владата предвиде раст од 2,5 проценти.

Во меѓувреме, Централната банка вложува напори да ја поттикне инфлацијата која во јули достигна 6,27 проценти на годишно ниво, што е блиску до целната граница од 6,5 проценти.

Минатиот четврток Централната банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,50 процентни поени, на 9 проценти. Со овие мерки таа се обидува да ја подигне вредноста на националната валута, реал, и да се избори со инфлацијата.

Од почетокот на годината бразилскиот реал изгуби 20 проценти од својата вредност. Во средината на август, тој во еден момент падна на ниво од 2,45 реали за долар, што беше неговата најниска вредност од декември 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП