26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: „Случувањата во Украина се резултат на лошата политика на Западот“

Путин: „Случувањата во Украина се резултат на лошата политика на Западот“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека последните настани во Украина се поврзани со лошо дизајнираната политика на Западот.

„Сѐ што се случува сега, вклучително и на наше големо жалење и Украина, е поврзано со лошо дизајнираната политика на таканаречениот колективен Запад“, рече рускиот лидер на состанокот за ситуацијата во нафтениот сектор, пренесува ТАС С.

Путин рече дека овие земји со децении „ја игнорираа апсолутно легитимната загриженост на Русија за нејзината безбедност и на секој можен начин ги охрабруваа националистичките, неофашистички елементи во раководството на Киев“.

Исто така, како што рече, западните земји со презир ги третираат проблемите во југоисточна Украина и суштински придонесуваат за продолжување на непријателствата што ги почна киевскиот режим пред осум години.

Медиумот потсетува дека и Кремљ го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија, пишува ДПА.

„Ова се непријателски држави бидејќи она што тие го прават е војна“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на конференцијата за образование во близина на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП