15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ83. ден војна во Украина: Ракети одекнуваат на само 15 километри од...

83. ден војна во Украина: Ракети одекнуваат на само 15 километри од полската граница! Гаѓана воена база кај Лавов!

Околу 53 ранети украински војници, кои доцна синоќа беа евакуирани со автобус од челичарницата Азовстал, пристигнаа во градот Новоазовск под руска контрола, јавува SkyNews.

Новоазовск е на околу 50 километри источно од Мариупол, а војниците се префрлени во тамошната болница. Други 211 лица биле однесени во Оленивка, околу 80 километри на север.

Тие ќе бидат разменети со руски воени заробеници за да се вратат дома, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Украински медиуми: Руски напад недалеку од Лавов

Русите ракетираат воена база во близина на Лавов, 15 километри од границата на Украина со Полска

Воената база која беше цел на нападот е на само 15 километри од границата со Полска, објави на Телеграм Максим Козицки, шеф на регионалната воена управа на Лавов.

Руско Министерство: Евакуација на ранетите украински војници од Азовстал

Руската агенција Риа Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана, пишува дека е почната евакуација на ранетите украински војници од Азовстал.

Агенцијата наведува дека евакуацијата е резултат на договорот меѓу руските и украинските воени преговарачи и додава дека ранетите Украинци со хуманитарен коридор ќе бидат префрлени во болница на територијата на Доњецк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП