Украински војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави гувернерот на областа Олех Синегубов, кој своето тврдење го изнесе на комуникациската платформа „Телеграм“.
Тврдењето сè уште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно. Украинското Министерство за одбрана објави видео на кое наводно се гледаат голем број војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.

