19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШведска ќе бара членство во НАТО

Шведска ќе бара членство во НАТО

Шведската владејачка Социјалдемократска партија одлучи да го поддржи членството на земјата во НАТО.

Раководството на партијата денеска на вонреден состанок одлучи дека партијата „да придонесе за кандидатурата на Шведска за НАТО“, се наведува во соопштението, пренесе агенцијата АФП.

Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, изјави за новинарите дека на земјата и се потребни формални безбедносни гаранции донесени од членството во НАТО.

Според Би-Би-Си, премиерот изјавил дека Шведска би била во „многу чувствителна позиција“ доколку остане единствената балтичка земја надвор од НАТО.

Претходно денеска финскиот претседател и премиер најавија дека земјата ќе поднесе кандидатура за членство во НАТО, што го отвора патот за проширување на западната воена алијанса од 30 членки за време на руската инвазија на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП