29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден недостиг на квалификувана работна сила во Германија

Рекорден недостиг на квалификувана работна сила во Германија

Во Германија состојбата со недостигот на квалификувана работна сила во првиот квартал од оваа година дополнително се влоши, соопшти Институтот за германска економија (IW).

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавците не можеа да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на IW, цитирајќи сопствено истражување.

Недостигот од квалификувани работници, според истражувањето, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но е особено изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото, пренесува Хина.

„Само во секторите здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостаток на соодветна работна сила“, се вели во соопштението на IW.

Во годините на пандемијата (2020 и 2021 година) приливот на квалификувана работна сила од странство забави, но трендот на зголемување на бројот на непополнети работни места започна многу порано.

Една од причините е пензионирањето на нумерички силната генерација од средината на педесеттите.

Во саботата беше објавена информацијата на сојузната влада, според која во последните години расте бројот на пензионери, односно лица кои наполниле 67 години, а кои се уште биле активни на пазарот на трудот.

Минатата година 1,05 милиони жители на возраст над 67 години биле во некоја форма на работен однос, што е значително зголемување во однос на 2010 година кога само 685.000 пензионери сè уште оделе да работат покрај пензијата.

Делумно, оваа појава е поврзана со недостигот на професионалци, поради што работодавците враќаат многу квалификувани работници на старите работни места дури и по пензионирањето.

Покрај зголемениот увоз на експерти од земјите од Европската унија, Германија го олесни процесот за добивање работни и дозволи за престој за жителите на земјите надвор од Европската унија.

Така, од 2016 година на сила е програмата за вработување работници од Западен Балкан, која овозможува миграција на германскиот пазар на труд.

Веднаш по почетокот на руската инвазија на Украина, работодавачите и синдикатите побараа од властите да ги отстранат бирократските пречки со цел што поскоро да се интегрираат бегалците од Украина на германскиот пазар на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП